ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Вовед
Ние во Фиткит Интернешнел Д.О.О. Скопје (“Фиткит„) сме посветени на тоа да ја заштитиме Вашата приватност. Оваа Политика на Приватност (“Политиката„) ги опишува практиките и процесите за обезбедување на Вашата приватност кои ние во Фиткит (“друштвото„) ги преземаме кога обработуваме лични податоци кои ги собираме и користиме од лица кои ја посетуваат нашата веб платформа (www.fitkit.app) и/или мобилна апликација (“Фиткит апликацијата„), и од други лица чии лични податоци се користат за давање на нашите услуги и во врска со користењето на нашите продукти („Услугите„, “Продуктите„).
Фиткит може да усвои и обезбеди дополнителни политики за приватност и за обезбедување на безбедноста на податоците што ќе се применуваат за специфични продукти или услуги во моментот кога ние ги собираме личните податоци за давање на ваквите услуги.
Контролор на Вашите лични податоци
Фиткит Интернешнел Д.О.О. Скопје (“Фиткит„), со седиште регистрирано на: ул. Вангел Тодоровски бр. 5/1-30, Скопје – Аеродром, Република Северна Македонија, во улога на контролор ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци.
Собирање на Вашите лични податоци
Извори на Вашите лични податоци
Фиткит ги собира личните податоци што Вие самите ни ги доставувате со воспоставување директен контакт со нас и/или се регистрирате за да добивате промотивен материјал од нас, како и со користење на нашата веб страна, нашата апликација и на услугите и продуктите кои Ви ги нудиме. Личните податоци кои ги собираме кога отворате Ваш профил на нашата апликација Fitkit.app ги користиме за одржување на вашиот профил, за обезбедување на нашите продукти и услуги за Вас, како и за остварување и подобрување на Вашето искуство во користењето на нашите платформи и услуги.
Лични податоци за корисниците на Фиткит апликацијата и Фиткит услугите може да собираме и од трети (правни) лица, кога се остварува соработка за користење на Фиткит апликацијата и Фиткит услугите во име на вработените и/или клиентите кај правните лица.
Ние исто така собираме и обработуваме лични податоци од даватели на услуги и добра со кои соработуваме заради остварување и унапредување на продуктите и услугите кои ги нудиме на нашите корисници, а со цел овозможување целосна програма која на различни аспекти ќе придонесе кон унапредување на фитнесот состојбата на нашите корисници.
Категории на лични податоци кои ги собираме за Вас
Додека ги користите нашите платформи, продукти, и услуги, ние може да побараме од Вас информации со кои може да бидете идентификувани, како на пример (но не ограничувајќи се на) податоци за Вашите:
Податоци за корисници на нашите услуги: име и презиме, адреса на живеење, пол, датум на раѓање, контакт податоци (емаил), финансиски податоци и податоци за кредитна картичка, лична фотографија, ЕМБГ (само за корисниците на ваучер, кои се претплатени на Фиткит апликацијата за период од најмалку 12 месеци), профил на социјални медиуми (само за корисниците кои се најавуваат на Фиткит користејќи Facebook).
Податоци за Вашето користење на нашите платформи, апликација и услуги (кориснички податоци, односно податоци за кориснички активности и профил)
Податоци за овластени лица и вработени кај добавувачи, даватели на услуги кои се правни лица : име и презиме, адреса, контакт податоци (емаил, телефонски број), работна позиција, правно лице, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата
Податоци за физички лица даватели на услуги, како на пример ангажирани тренери: име и презиме, адреса, ЕМБГ, податоци за исплата, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата, финансиски и даночни податоци, фотографии и видеа за цели на тренинг програмите, профил на социјални медиуми
Кориснички податоци (податоци за кориснички активности и профил)
Податоци за Вашиот кориснички профил и Вашите (онлајн) кориснички активности се собираат автоматски кога ги користите нашите платформи, продукти, и услуги.
Податоци за Вашите кориснички активности може да вклучуваат информации за IP адресата на вашиот уред од кој се логирате на нашите платформи, типот и верзија на пребарувачки софтвер (browser) кој го користите за да пристапите до нашите платформи и услуги, страните кои ги користите од нашите платформи, датумот и времето кога се логирате на нашите платформи, како и времетраењето на Вашата посета на нашите платформи, уникатни идентификатори на Вашиот уред од кој се логирате, и други дијагностички податоци за вашата онлајн активност на нашите платформи и пристап до нашите услуги.
Кога пристапувате до нашите платформи и услуги преку мобилен уред, ние може да собираме одредени податоци автоматски, вклучително и типот на мобилниот уред кој го користите, уникатниот ID (идентификациски број) на мобилниот уред, оперативниот систем на мобилниот уред, типот на мобилен интернет и пребарувачки софтвер кој го користите, и други идентификатори и дијагностички податоци за вашиот мобилен уред.
Ние исто така може да собираме податоци кои Вашиот пребарувачки софтвер ги испраќа секогаш кога пристапувате до и ги користите нашите платформи и услуги.
Податоци кои ги собираме од трети страни – социјални медиуми
Ние може да собираме и користиме лични податоци кои сте ги споделиле со креирање на профил и/или со инакво делување во јавниот домен со трети страни – социјални мрежи. Ние исто така може да пристапиме во комуникација со Вас преку Вашите профили на трети страни – социјални мрежи заради остварување иницијална комуникација и потенцијална соработка со вас.
Исто така, Вие може да креирате сметка и да се логирате (да пристапите) кон користење на нашите платформи и услуги преку ваш профил на социјални мрежи или кога сами ги споделите со нас како дел од сведоштвата за вашето позитивно корисничко искуство со нашите програми и услуги.
Податоци кои ги собираме додека ја користите апликацијата Фиткит
Кога користите нашата апликацијата Fitkit.app ние може, по претходна дозвола/согласност од Вас, да собираме информации за вашата (географска) локација за да ви овозможиме што подобро и полесно користење на сите можности во нашата апликација, и притоа за да ја подобриме, усовршиме и подесиме апликацијата и продуктите кои ги нуди, како и другите услуги кои ви ги нудиме. Вие може да дозволите или оневозможите пристап до ваквите податоци во секое време, преку адаптирање на поставувањата на вашиот мобилен уред.
Технологии за пратење и колачиња
Кога ги посетувате нашите платформи, ја користите Фиткит апликацијата, се регистрирате за и го користите Вашиот кориснички профил, или побарате понатамошни информации за Фиткит платформите и услугите, ние автоматски собираме податоци со користење на колачиња и пиксели за пратење. Вака собраните податоци, ние и нашите партнери, ги користиме за да ги анализираме движењето на нашите платформи и трендовите на користење на нашите продукти и услуги, за да ги управуваме нашите онлајн платформи (веб страни, апликации, профили на социјални мрежи) – самостојно или со помош на даватели на услуги за хостирање, како и за собирање на податоци за корисниците на нашите услуги и платформи.
Технологии кои ги користиме за пратење на активностите на нашите платформи и собирање информации потребни за анализа, оцена, и усовршување на нашите платформи и услугите кои ви ги нудиме може да вклучуваат: водичи (beacons), етикети (tags), и записи (scripts). Подетални информации за начините и целите за кои користиме колачиња на нашите платформи може да се најдат во нашата Политика за колачиња, која е достапна на fitkit.app.
Цели на користење на Вашите лични податоци
Ние може да ги користиме Вашите лични податоци за следниве цели:
За обезбедување и одржување на нашите платформи и услуги, вклучително и за следење на користењето на нашите продукти и услуги.
За одржување на Вашиот профил во нашата апликација: за спроведување на Вашата регистрација и управување со вашиот профил како корисник на нашите платформи и услуги. Личните податоци кои ни ги давате при регистрирање на Фиткит профил Ви дава пристап до различни функции, продукти и услуги на Фиткит апликацијата.
За склучување и исполнување на договор (остварување договорни права и обврски): за склучување и постапување по договор за услуга, договор за дело, и други договори кои ги склучуваме со соработници заради обезбедување на производите и услугите кои Ви ги нудиме, како и други договори кои ги склучуваме заради одржување на нашите платформи и обезбедување на нашите услуги и производи. За пристап до, и користење на, одредени продукти на Фиткит апликацијата може да побараме да ни дадете дополнителни лични податоци (на пример, го собираме ЕМБГ за корисниците на ваучер, по основ на Фиткит претплата од најмалку 12 месеци).
За комуницирање со Вас: За да ве контактираме по емаил, телефон, СМС, или инаку преку еквивалентен модел на електронска комуникација (на пример, преку нотификации преку Фиткит апликацијата) со цел да ве информираме за ажурирање на нашите услугите кои ги користите, или за друг тип информативна комуникација во однос на фунционалноста на нашите продукти и услуги кои ги користите преку нашите платформи (вклучително и информации за ажурирање на безбедносните системи).
За да управуваме со и одговориме на Вашите барања: За да ги примиме, разгледаме, решаваме по, и одговориме на Вашите барања упатени до нас.
За промоција на нашите услуги и активности преку споделување на вашето искуство од користење на услугите преку нашата веб страна или социјални медиуми
За да доставиме таргетирани маркетинг понуди до Вас: Ние може да користиме Ваши лични податоци за да развиеме и поставиме промотивен материјал (информации, специјални понуди, новитети) за други продукти, услуги и настани кој соодветствува на Вашите интереси и преференци, и/или локација, но само, доколку претходно доброволно сте се согласиле на ваквата обработка при вашата регистрација како нов корисник или при користење на вашиот онлајн профил. Доколку сакате да не бидете предмет на таргетиран маркетинг, може да ја повлечете вашата согласност во секое време преку посебен линк во самата маркетинг порака или да ни пратите барање, преку следнава онлај форма или на следниов емаил: info@fitkit.app.
За други цели: Ние може да користиме Ваши лични податоци за спроведување анализа на податоци, идентификување трендови на користење на платформите и продуктите, мерење и утврдување ефикасност на нашите промотивни кампањи, како и други активности наменети за оцена и подобрување на нашите услуги, продукти, маркетинг, и Вашето искуство при користењето на нашите платформи, продукти и услуги.
Правни основи за обработката на Вашите лични податоци
Ние може да обработуваме лични податоци во следниве случаи, односно по основ на:
Согласност: Вие сте ни дале согласност да ги обработуваме Вашите лични податоци за една или повеќе специфични цели, како на пример за цели на директен маркетинг на услуги и производи, споделување на вашето искуство како корисник
Исполнување на договор: Обработката на личните податоци е неопходна заради исполнување на договор кој го имаме склучено со Вас, вклучително и за сите пред-договорни права и должности кои претходат на склучувањето на ваквиот договор.
Законски должности: Обработката на личните податоци е неопходна за исполнување на должности на друштвото согласно законот, како на пример даночни обврски или барања од државни органи согласно закон.
Легитимни интереси: Обработката на личните податоци е неопходна за остварување на легитимни интереси на друштвото, како што е заштита на деловните операции и веб страната (детектирање на проблеми, анализа на податоци, тестирање, безбедност и поддршка на системи и апликации, хостирање на податоци и известување), управување и соработка со даватели на услуги, водење на судски постапки за наплата, подобрување на нашите услуги, продукти.
Откривање и пренос на Вашите лични податоци на трети страни
Со даватели на услуги: Ние може да ги споделуваме Вашите лични податоци на даватели на услуги со кои соработуваме, вклучително за одржување на нашите платформи и услуги, за процесирање на плаќања за користење на нашите услуги и продукти, продукциски куќи или телекомуникациски оператори за снимање и прикажување на видео материјали
Со соработници: Ние може да ги споделуваме Вашите лични податоци со наши соработници, кои се обврзани да дејствуваат во согласност со оваа Политика на приватност како на пример ИТ консултанти и програмери кои ни помагаат во одржувањето и надградувањето на Фиткит апликацијата.
За креирање промотивни содржини: Ние може да ги споделуваме Вашите лични податоци на маркетинг агенции и други даватели на услуги со кои соработуваме за креирање и испраќање промотивни содржини до Вас лично преку емаил и/или за креирање наш промотивен материјал и маркетинг понуди кој би Ви се појавил кога користите платформи на трети страни.
Со деловни партнери: Ние може да ги споделуваме Вашите лични податоци со деловни партнери заради обезбедување и нудење наши продукти, услуги и промоции до Вас како и од фитнес консултанти и тренери чии услуги и совети го користиме за остварување и подобрување на фитнес продуктите и велнес понудите кои ги нудиме на нашите клиенти, правни лица чии простории, производи и услуги ги користиме како услуги и производи кои следуваат со користењето на Фиткит апликацијата и/или на Фиткит пакети и ваучери.
Со други корисници: Ние може да споделуваме Ваши лични податоци кои сме ги добиле со Вашето делување во јавниот домен со други корисници и трети страни – социјални мрежи. Ова е ограничено на личните податоци кои се јавно отворени на вашите профили на социјалните мрежи (име, фотографија, опис на вашите активности на платформата), и за цели на остварување и/или подобрување на комуникација и соработка со вас, споделување на корисничко искуство.
По основ на закон и други правно обврзувачки побарувања: Во некои околности, ние може да сме обврзани да ги споделуваме Вашите лични податоци по барање на закон и/или јавни органи (судови, Владини агенции, извршител). Ние може да ги споделуваме Вашите лични податоци, кога е тоа неопходно заради остварување и постапување по наши законски обврски, заштита и одбрана на нашите права и сопственост, спречување и/или истражување на (можна и/или потенцијална) злоупотреба во однос на нашите платформи, продукти и услуги, заштита на личната безбедност на нашите корисници/клиенти и/или на јавната безбедност, делување по однос на наша правна должност и одговорност.
Нашиот однос со третите страни е уреден со Договор, кој регулира дека се правата и обврските во врска со заштитата на личните податоци и технички и организациски мерки за безбедност на Вашите лични податоци.
Пренос на Вашите лични податоци во трети земји
Личните податоци може да бидат пренесени во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор. Ова може да биде во контекст, на пример, на нашето користење на услуги и платформи на трети страни кои се лоцирани во САД. Во вакви случаи, ние целиме да осигураме дека страните чии услуги ги користиме од трети земји ги почитуваат законските и договорните стандарди за обработка на личните податоци и преземаат соодветни организациски и технички мерки за зачувување на безбедноста на личните податоци при обработката.
За оваа цел, ние склучуваме договори за обработка на личните податоци со даватели на услуги во/од трети земји, кои договори го регулираат преносот на личните податоци до трети земји и може да вклучуваат стандардни договорни клаузули издадени од Европската Комисија за пренос на податоци во трети земји, и/или реципроцитетни стандардни клаузули издадени од Агенцијата за заштита на личните податоци.
Чување и безбедност на Вашите податоци
Ние користиме различни технологии и процедури и преземаме повеќе безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и од противправно користење и/или споделување на истите.
Рокови за чување и бришење на Вашите лични податоци
Фиткит ги чува Вашите лични податоци на начини и за цели утврдени со оваа Политика на приватност за времетраењето што е неопходно за остварување на така утврдените цели, освен доколку законот дозволува или наложува нивно чување за подолг период.
Кога Вашите лични податоци не ни се повеќе потребни за остварување на целта заради која сме ги собрале и се обработуваат, ние на навремен и безбеден начин ги бришеме.
Ние може да продолжиме да ги чуваме Вашите лични податоци подолго од утврдениот рок за нивно чување, доколку ова е потребно заради остварување на Вашите и нашите законски и договорни права и обврски, како и заради решавање спорови и остварување права и обврски кои ги имаме према трети страни, заради остварување на наши легитимни интереси (на пример, за остварување деловни цели, усовршување на нашите производи, одржување компетитивност на пазарот, водење на правни постапки итн.), како и заради усогласување на нашите безбедносни мерки и стандарди во однос на безбедноста, интегритетот и оперативноста на Фиткит апликацијата и на другите наши платформи, услуги, и продукти.
Вашите права во однос на употребата и обработката на Вашите лични податоци
Автоматизирано носење одлуки
Вашите податоци може да бидат предмет на автоматизирано донесување одлуки врз основа на информации за вашите преференци, претходна интеракција со нас и употреба на услугите или демографски податоци со цел да доставиме маркетинг понуди кои најмногу одговараат на вашите интереси, но само со ваша претходна согласност.
8.2 Вашите права во однос на заштита на личните податоци
Вашите права во однос на користењето и обработката на Вашите лични подаотци за време и во контекст на процесот за вработување вклучуваат:
Право да бидете информирани за обработката на Вашите лични податоци;
Право на пристап до Вашите лични податоци, и воедно право да добиете копија од податоците за Вас кои ги чуваме и користиме;
Право на исправка на Вашите лични податоци ако се нецелосни и неточни;
Право на бришење на Вашите лични податоци ако се обработуваат на противправен начин, или целта за која се обработуваат е исполнета;
Право на ограничување на обработката на Вашите лични податоци ако ја оспорувате нивната точност, правниот основ, и/или целта на нивната обработка;
Право на приговор за обработката на Вашите лични податоци кога тие се обработуваат заради легитимен интерес, и/или за цели на директен маркетинг;
Право на преносливост на Вашите лични податоци до трети страни и/или до Вас лично, и воедно да ги добиете истите во структуиран и машински читлив формат.
Oстварување на Вашите права во однос на заштитата на личните податоци
Доколку имате прашање, барање, или жалба во однос на обработката на Вашите лични податоци во Фиткит во однос на Вашите права поврзани со обработката, Ве молиме да се обратите на нашиот Офицер за зааштита на личните податоци на пополнување на следната форма или испратете ни електронска порака на info@fitkit.app или телефон +389 75 420 308.
Испраќање на вакво барање е бесплатно, а обработката на истото ќе побарува дополнителни трошоци само во исклучителни околности.
Имате право да поднесете приговор и до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци, и тоа со поднесување Барање на info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.
Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се проверува и ажурира, како и по потреба и соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Доколку имате прашања за оваа Политика на приватност или за начинот, целите и други прашања во однос на тоа како ги користиме и обработуваме Вашите лични податоци, Ве молиме пишете ни на следниов емаил: info@fitkit.app или пополнете ја следнава онлајн форма.
Оваа Политика е донесена или последно ажурирана на 01–05-2022.