УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
Добредојдовте на MyFitKit апликацијата. Со нејзиното користење Вие се согласувате со Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се на info@fitkit.app
ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБИ
1.ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ
Со користењето на мобилната апликација, Корисникот ги прифаќа Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу).
2.ЗА АПЛИКАЦИЈАТА
Апликацијата претставува системски развиена платформа со информации за пријавување присуство на тренинзи/вежби и резервирање на термини. Апликацијата како платформа за симнување е поставена на App store и Play Store.
3.КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил за лична употреба. Корисникот е должен да ги обновува податоците во неговиот профил. Корисникот е согласен дека MyFitKit нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе или е поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил. Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на користење може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување до корисникот. Исклучен или отстранет профил ги губи уплатените претплати. - Корисникот го креира своето корисничко име и лозинка и исклучиво корисникот е одговорен за нивно доверливо чување и безбедност.
4.КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Како предуслов за користење на апликацијата, Корисникот се согласува дека:
5.Корисниците на услугите можат да купат претплата или членство за закажување на термин кај давателите на услуги само доколку имаат регистрирано профил на апликацијата. Апликацијата користи безбедносен систем за виртуелна наплата поддржан од Стопанска Банка АД Скопје. Податоците од платежната картичка кои се внесуваат при плаќањето односно купувањето не се зачувуваат во апликацијата. MyFitKit нема пристап до информациите од платежните картици на Корисниците, ниту за оние кои би извршиле плаќање во корист на корисниците. За описот на понудите на MyFitKit веб продавницата кои се дадени од страна на Давателите на услугите, MyFitKit не гарантира, ниту е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со понудата. MyFitKit може да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите за користење.
Барања за рефундирања на средства или за ставање во мирување на претплата може да се достават на е-маил info@fitkit.app со детално образложение зошто истото се бара, а за кое тимот на MyFitKit по потреба ќе се консултира со давателот на услугата и соодветно одлучува дали истите ќе бидат рефундирани или дали претплатата ќе биде ставена во мирување. Ако одредена понуда стане недостапна за купување, MyFitKit ќе го откаже купувањето и за истото ќе го извести Корисникот по е-маил. Услугите и продуктите кои се објавени на веб продавницата се достапни за купување за секој регистриран член. Со плаќањето на одреден продукт преку веб продавницата се генерира кориснички профил, за кој е надлежен Давателот на услугите или вашиот тренер.
6.ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
MyFitKit ги обработува личните податоци на Корисниците во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија односно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти. Категории на лични податоци кои се обработуваат:
MyFitKit е исклучив контролор на личните податоци кои Корисниците директно ги имаат споделено во апликацијата и се обврзува да не ги оддаде личните податоци на трети лица, освен во случаите како што е дефинирано во овие Услови. MyFitKit е процесор на личните податоци кои Корисниците ги имаат споделено врз основ на Договор склучен со одредени соработници на MyFitKit, а ги користат услугите достапни во Апликацијата и на веб продавницата врз основ на взаемна согласност и договор. Како процесор на овие податоци MyFitKit се обврзува да не ги оддаде личните податоци на трети лица. MyFitKit може да ги употреби податоците на Корисниците исклучиво за идентификување на корисниците при креирање на профил, за присилна наплата на долгови по основ на предвремено откажување на претплата согласно т.10 подоле, сопствени статистички цели, а со цел унапредување на искуството на Корисниците со користењето на апликацијата и за промотивни материјали исклучиво во контекст на користење на Апликацијата.
7.АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА
Апликацијата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во ексклузивна сопственост на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ е-маил: info@fitkit.app има авторско
право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината, како и врз содржината која оригинално ја поседува апликацијата. ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ има авторско право над фотографиите кои се во нејзина сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба, поставување на линкови или на било кој начин користење на содржината од апликацијата, делумно или целосно без изречна писмена согласност од ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ е строго
забрането.
Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до водење на граѓански и/или кривични постапки. FitKit логото е заштитена трговска марка на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на FitKit се сопственост на Давателите на услуги.
8.ПРЕДВРЕМЕНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР
Договорот за користење на одредени услуги на ФитКит, активирани преку Апликацијата / веб продавницата, може да биде раскинат:
9.НЕМОЖНОСТ ЗА НАПЛАТА НА ПРЕТПЛАТА
Корисникот изречно потврдува дека своеволно и свесно ја купил членарината/претплатата преку Апликацијата / веб продавницата и дека со купувањето на истата, изречно ја изразил својата согласност во однос на овие Услови за користење и Услови за купување, вклучително и обврската за плаќање на членарината/претплатата.
Имено, Корисникот е обврзан купената членарина/претплата да ја исплаќа со вршење на уплати на начин и во рокови за кои бил уредно известен од страна на ФитКит и на кои Корисникот се согласил при купувањето на членарината/претплатата.
Доколку Корисникот не ги врши уплатите на начин и во рокови на кои се обврзал, ФитКит на е-маил адресата на Корисникот ќе испрати опомена до Корисникот во однос на неговата обврска за плаќање на доспеаниот, а неплатен долг на Корисникот, и ќе му даде дополнителен рок од 15 дена од приемот на опомената да изврши уплата на целиот доспеан и неплатен износ.
Доколку и во дополнителниот рок Корисникот не изврши уплата на износот наведен во опомената на ФитКит, ФитКит има право да го раскине договорот со Корисникот без отказен рок на начин што на е-маил адресата на Корисникот ќе му испрати известување на Корисникот за истото, при што во таков случај ќе се смета дека договорот е предвремено раскинат по вина на Корисникот.
Корисникот изречно потврдува дека е согласен, во случај на предвремено раскинување на договорот на барање или по вина на Корисникот, како што е предвидено во овие Услови, а поради повреда на договорно преземена обврска, Корисникот да му плати на ФитКит договорна казна. Договорната казна, за која ФитКит ќе издаде фактура која Корисникот презема обврска да ја плати, ќе биде во износ од вредноста на поединечна рата помножен со бројот на рати кои преостанале до исплата на вкупната вредност на членарината. Договорната казна која е должен да ја плати Корисникот кој се обврзал на претплата за определен временски период, а кој предвремено ја прекинал истата поради што договорот е предвремено раскинат по барање или по вина на Корисникот, а за која ФитКит ќе издаде фактура која Корисникот презема обврска да ја плати, ќе биде во износ од разликата меѓу редовната месечна членарина во фитнес центарот, со кој податок Корисникот е запознат уште при купувањето на претплатата, и претплатата која ја плаќал Корисникот, и тоа за сите месеци во кои ги користел услугите. ФитКит ќе му ја достави фактурата на Корисникот на неговата е-маил адреса која фактура Корисникот треба да ја уплати во рок 8 дена од денот на нејзиниот прием.
Доколку Корисникот не ја плати или ја плати нецелосно договорната казна утврдена во претходниот став во договорениот рок, ФитКит има право да покрене постапка за присилна наплата на долг пред надлежен орган, согласно закон.
За истите, Корисникот се согласува и дава одобрение на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ Скопје, да ги користи личните податоци, вклучително и единствениот матичен број, само доколку за нивна обработка постои основана потреба согласно законските и други обврзувачки прописи на Република Северна Македонија. Согласноста и одобрението корисникот го дава по слободна волја, без присила и закани.
10.РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И НАДЛЕЖНОСТ
Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата и веб продавницата, страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде Основниот граѓански суд Скопје. FitKit не е одговорен за било какви спорови кои може да настанат помеѓу Корисниците и Давателите на услугите. За се што не е уредено со овие Услови на користење се применуваат важечките законски прописи во Република Северна Македонија.