ЗА ПРОГРАМОТ: Glutе building е програма наменета за сите девојки што сакаат да го подигнат и обликуваат задникот како и тонирање на целото тело. Oваа програма е наменета за сите девојки што сакаат брутални резултати и задник по кој сите се вртат 😉 без разлика дали сте почетник или напреден вежбач, програмата ќе ви помогне да бидете во уште подобра форма бидејќи е дизајнирана на начин да бидете се подобри од недела во недела + стојам на располагање и сум отворен за комуникација со секој што има потреба од било каква измена.
ШТО ДОБИВАТЕ? – По купување на програмот добивате 1 месец организирани тренинзи за секој од деновите кога треба да вежбате. Сплитот во програмот е – Нозе и стомак х2 пати неделно и горен дел х2 пати неделно, со помал волумен на горен дел. Покрај бројот на серии, повторувања, темпо на изведување на вежбите и сите останати параметри добивате видео демонстрација со детално објаснување на вежбата како и дополнителни забелешки на што најмногу треба да обрнете внимание. Од недела во недела техниката на вежите ќе биде се подобра а вие се појаки. На располагање сум за секој за да дадам повратни информации и насоки за подобрување на формата. Додатно сум достапен за сите што сакаат план за исхрана подесен за нивните цели како и неделно подесување на истиот.
ШТО ДА ОЧЕКУВАМ? – Да ги затегнеш и облкуваш своите нозе, да го подигнеш својот задник и да кренеш килажа на секоја главна вежба што значи дека ќе бидеш појака и поцврста.