Антонијо Трипуновски

Јас сум Антонијо Трипуновски, тренер за рекреативци, кондиционен тренер и нутриционст. Работам и со луѓе со повреди и болки. Во рехабилитацијата сум задолжен во делот на враќање на терен на спортисти т.е доцна фаза на рехабилитација. Уживам да им помагам на рекреативците да се вратат на своите активности без болки и уживам да ги уверувам луѓето дека дигаѓето на тегови може само да им помогне да бидат појаки, ако програмот е индивидуализиран за нив. Мојата мисија не е да направам краткорочна трансформација, туку сакам да им дадам систем кој има за цел да им помогне на луѓето да стекнат здрави навики како резултатите што ги постигнале би останале за цел живот. За тоа имам развиено систем на менторство кој им помага на луѓето да балансираат помеѓу приватен, професионален и социјален живот и покрај тоа да го вклопат вежбањето како начин на живот како би биле здрави, среќни и јаки цел живот! Спортистите уживам да ги гурам до нивните граници, дури и над тоа и да им помогнам да ги претворат нивните слаби во јаки страни.

НАШАТА МИСИЈА СО ФИТКИТ

Нашата мисија е да ви дадеме програми кои ќе ве научат како правилно да ја изведувате секоја вежба и да научите која вежба “работи„ за Вас. Има толку многу луѓе кои вежбаат според „добри програми“ а добиваат лоши резултати затоа што доброто е за секој различно. Што работи за некој друг, не значи дека ќе работи и за тебе. Ние гледаме на секој човек индивидуално и затоа сме достапни и отворени за комуникација и соработка.

Одбери програма која најдобро се совпаѓа со твојата цел и биди чекор поблиску до неа!

Оваа веб-страница користи колачиња за да осигури дека ќе добиете најдобро искуство на нашиот веб-сајт. Прочитајте повеќе