ЗА ПРОГРАМОТ: Програмот за хипертрофија е наменет за сите кои што сакаат да изградат или подобрат мускулна маса. Без разлика дали сакате само да покачите мускулна маса или истовремено да намалите масти, оваа програма ќе ви помогне да го остварите тоа. Главниот фокус е на главните вежби кој се основа и без кои не можеме да станеме појаки и поголеми.
ШТО ДОБИВАТЕ? – По купување на програмот добивате 1 месец организирани тренинзи за секој од деновите кога треба да вежбате. Сплитот во програмот е – горен и долен дел два пати неделно. Покрај бројот на серии, повторувања, темпо на изведување, паузи и останати параметри, добивате видео демонстрација со детално објаснување за секоја вежба како и дополнителна забелешка на што најмногу да се фокусирате. Низ програмот ќе ја усовршите и подобрите вашата техника на изведување на вежбите. На располагање сум за секој за да дадам повратни информации за техниката како и насоки како да ја подобрите. Додатно сум достапен за сите што сакаат план за исхрана подесен за нивните цели како и неделно подесување на истиот.
ШТО ДА ОЧЕКУВАМ? – Очекувај да го подобриш својот изглед во огледало, да ставиш мускулна маса и да кренеш килажи на сите главни вежби.