Вашиот напор и посветеност, во комбинација со информациите во оваа програма, ќе ви помогнат да имплементирате здрава и продуктивна програма за тренирање односно подобрување на вашата сила и моќ.Тренингот за сила и кондиционирање се уште е многу потценет аспект кај многу вежбачи. За да го максимизирате вашиот потенцијал мора да бидете во одлична форма. Главната цел на оваа програма e да се намали појавата на повреди, да бидеме посилни и помоќни. Зајакнувањето на мускулите, лигаментите и тетивите на телото ќе ги намали шансите или сериозноста на повредата. Покрај тоа, правилно спроведената програма ќе ги подобри вкупните перформанси.