На 16 години за првпат влегов во светот на фитнсот и бодибилдингот. Долг период работев активно на себе за да стекнам знаење и искуства, а потоа и лиценца за бодибилдинг и фитнес инструктор. Веќе 6 години активно работам како инструктор и личен тренер.
Целта на мојот пристап кон секој клиент е, пред се’, да изгради здрави навики и здрав начин на живот. Со долготрен труд и посветеност да постигне резултати кои водат до идеална тежина: намалување на телесните масти, зголемување на мускулната маса, подобрување на крдиоваскуларниот систем, подобра мобилност, намален стрес, добар сон и здрав организам полн со енергија во текот на целиот ден.
Постојан надзор и целосна посветеност со цел постигнување на посакуваните резултати преку персонализирана програма на вежби и планови за ихрана. Не заборавајте дека големината на теговите и отпорот зависи од вашата физичка способност и цел.