За различните типови на исхрана почнав да се интересирам пред 8 години, трагајќи по одговорот на прашањето „Кој е најправилен начин на исхрана?“ Колку повеќе навлегував во морето информации, се повеќе сфаќав дека денес со исхраната доста се манипулира по социјалните медиуми.
Љубопитноста не ме остави да застанам тука. Решив да си ги проширам хоризонтите од научна перспектива, поради што се решив да студирам нутриционизам. Стекнатото знаење вообичаено го споделувам со моите клиенти, како и преку моите профили на социјалните мрежи под името @ajde_da_jademe и на мојот блог https://ajdedajademe.com.
Денес како Магистер по нутриционизам, имам опслужено над 200 клиенти во делот на диетотерапии како и низа на клиенти од делот на нутриционистичкото советување. Дејствувам како активен едукатор на полето на нутриционизмот преку индивидуално организирани курсеви и работилници, а учествувам и на организирани настани од јавен карактер, како дел од разчни медиуми и компании кои предавањата ги наменуваат за своите вработени или одредена публика.
Голем предизвик ми е креирањето здрави, избалансирано, но и невообичаени и интерсни рецепти. Почитувам модерни рецепти, но сакам и да ги трансформирам традиционалните во поздрава варијанта.
Брендот „Ајде да јадеме“ е пионер на нашиот пазар во облата на антидиет културата, интуитивно јадење и покревањето на свеста за избалансирни оброци. Менијата/плановите за исхрана наменети за клиенти, како и целата содржина што се пласира на профилите на „Ајде да јадеме“ се базираат на принципите на медитеранската исхрана.