-24.8%

Елегантен

MKD 6.250,00
MKD 4.700,00
inc. VAT 18%
  1. Комбинирана масажа на грб
  2. Спортска масажа на тело
  3. Медицинска масажа на грб X 2
  4. Колагенска терапија за мускулно-зглобни проблеми

*Понудата може да се купи најдоцна до 23.12.2022 и истата може да се искористи до 31.03.2023

Select and option before adding the product to the cart

1.Комбинирана масажа на грб

Луѓето што седат или возат долг временски период, или генерално имаат неправилно држење на телото, често или во континуитет имаат болки во грбот, вратот и рамењата. Масажата на оваа регија доведува до намалување на тензијата во мускулите, а со тоа и намалување на болката. Масажата исто така, ја подобрува циркулацијата на крв, ја олеснува главоболката, го подобрува расположението и секако ја зголемува енергијата.

Комбинираната масажа на грбот е третман кој има за цел да го релаксира, освежи и заздрави нашето тело, со комбинирани движења од рачна масажа, и манипулација со дрвени алатки и вакум алатки, се масираат меките ткива и мускулите на оваа регија. Оваа масажа помага за севкупно заздравување и подобрување на телесната добросостојба. Оваа масажа е интензивен но ефективен третман, кој претставува активност од повеќе фази, како што се галење, месење, тркалање и притискање на кожата и мускулите.

Масажата не е луксуз, напротив тоа е потреба која го редуцира емотивниот и физичкиот стрес. Mасажа сe изведувa од страна на физиотерапевт како би помогнала во подобро движење и олеснување на болката на засегнатата област. Времетраење 45 минути.

2.Спортска масажа на тело

Познато е дека масажа на телото може да помогне да се намали и осободи напнатоста и болката во мускулите, особено болката на нозете, секако и останатите делови на телото. Спортската масажа е наменета за тие кои се вклучени во спортски активности како би спречиле или третирале одредени повреди и/или болки во одредена регија. Особено по напорен ден по долготрајна физичка активност, спортската масажа ја подобрува циркулацијата на крв во регии каде што е потребно, го намалува спазамот на мускулите, помага во ослободување од стресот, болката, напнатоста и восопаление на мускулите и овозможува да се чувствувате пријатно, но освен тоа најновите научни истражувања покажуваат дека има и здравствени придобивки кои настануваат веднаш или може да се видат и почувствуваат по неколку недели, дури и со само една сесија неделно. Техниката на спортската масажа се фокусира на релаксирање на мускулите, фасциите, тетивите и зглобовите. Масажата на телото ја зајакнува вашата циркулација, ја подобрува флексибилноста и сонот, ја подобрува функцијата на внатрешните органи, со масажа на одредени области особено на стапалото, ги намалува ефектите од физичката напнатост итн. Mасажата сe изведувa од страна на физиотерапевт. Времетрање 45 минути.

3.Медицинска масажа на грб

Болките во грбот се чести кај повеќето од нас. Медицинската масажа може да помогне во опуштање на спазамот на мускулите. Ефективен третман за ослободување од стресот, болката и напнатоста во мускулите. Масажата исто така, ја подобрува циркулацијата на крв, ја олеснува главоболката, го подобрува расположението и секако ја зголемува енергијата. При болки во грбот, ја препорачуваме медицинската масажа изведена од страна на физиотерапевт како би помогнала во подобро држење, движење и олеснување на болката на засегнатата област. Времетраење 30 минути.

4.Колагенска терапија за мускулно-зглобни проблеми

Природна колагенска метода за третман на болки во мускули, зглобови, тетиви, лигаменти предизвикани од повреди, од лошо држење на телото, како и други мускулно-скелетни патологии.

Колагенски Био третман со ГУНА колаген при што колагенот се аплицира локално на засегната регија со цел да се регенерираат, заменат, зајакнат, реструктурираат и заштитат ткивата на мускулно скелетниот апарат (мускули, тетиви, лигаменти, зглобни капсули, фасции, коски, рскавици) преку подобрување на анатомската структура и функција на колагенските влакна и структурите кои ги содржат, истовремено обезбедувајќи механичка поддршка на засегнатата регија. ГУНА колагенот ја подобрува мобилноста и функционалноста и дејствуваат директно на болката. Гуна колагенот има особена употреба при следните индикации: Мускулно-скелетни нарушувања предизвикани од артритис, остеоартритис, ишијалгични болки, болки во колено, рамо, лакт, колк, шаки, стапало, болки во вратот, грбот и појасниот дел на р'бетниот столб, истегнување на мускулите, синдром на карпал тунел, неуралгии, мигренозни главоболки и др.

Една ампула се аплицира на една регија. Третманот го изведува физиотерапевт.

Времетраење на апликација на 1 ампула околу 10 минути.

Оваа веб-страница користи колачиња за да осигури дека ќе добиете најдобро искуство на нашиот веб-сајт. Прочитајте повеќе