*Понудата може да се купи најдоцна до 23.12.2022 и истата може да се искористи до 31.03.2023
Опис на услугите
1.Класичен третман на лице со колагенска ампула
Класичен третман на лице претставува темелно чистење на кожата и се состои од повеќе фази. Најнапред со професионални средства се чисти кожата од шминка и полутанти наталожени на кожата од надворешната средина, потоа следува парење под вапазон, пилинг на лицето со што се отстранува изумрениот слој на клетки, па кратка масажа на лицето, вратот и деколтето, следна фаза е чистење од акни, митесери и сл. Потоа следува маска во согласност со типот на кожата, повторно масажа на лицето, вратот и деколтето што завршува со нанесување на високо квалитетна Гуна крема во зависност од типот на кожата. Со наведениот третман се постигнува длабинско чистење на кожата, подобрување на циркулацијата што доведува до зголемено снабдување на клетките со кислород, елиминирање на разградните продукти на метаболизмот, подобрена лимфна дренажа и хидратација. Овој дел од третманот трае час и половина.
Потоа се продолжува со апликација на 1 ампула Гуна колаген, оваа фаза е наречена ГУНА биолифтинг. Активните материи во ГУНА Биолифтинг третманите, како иновативен пристап во естетската медицина, развиени се во Истражувачкиот центар GUNA Laboratories во соработка со миланскиот универзитет. GUNA Biolifting е естетско-дерматолошки третман кој користејќи колаген со витамини ги активира клеточните процеси и отпочнува процес на ревитализација. Се подобрува метаболизмот на клетката и на меѓуклеточната материја која е носител на функцијата на ткивата и ја поттикнува синтезата на сопствениот колаген во поткожното сврзно ткиво. Колагенот е најзастапен протеин во човековиот организам на кој отпаѓа 6% од телесната маса, а негови својства се цврстина, нерастегливост и нерастворливост. Кожата со користење на овој третман станува природно поздрава, со посвеж изглед и со подобар тонус со измазнети брчки кои настануваат со тек на животот. Постигнатиот резултат се базира на ревитализација на клетките и на чистење на меѓуклеточниот простор.
GUNA BIOLIFTING е безбеден третман, содржи само природни супстанции, не претставува вештачка интервенција во телото, ниту пак содржи материи за пополнување. Ефектот на измазнување на брчките не е последица на «полнење», туку е резултат на подобрување на метаболизмот на ткивата. Со ова не се менува мимиката на лицето, и резултира со видливи промени и подобрувања.
GUNA BIOLIFTING медицинско-естетската биотерапија на најблаг начин помага да се обнови младешкиот изглед на кожата.
Крајна предност на медицинската естетска биотерапија на ГУНА е тоа што таа не се локализира на една брчка, туку поттикнува подмладување на ткивото на целата површина на лицето, вратот и деколтето, односно на регијата каде што се аплицира. Оваа фаза трае околу 20 минити.
Времетраење на целиот третман е 2 часа.
2.Мадеротерапија на лице
Подмладување и терапија за нега на лицето, вратот и деколтето.
Мадеротерапијата на лице е древна колумбиска метода за одржување на младоста и здравјето, претставува совршен избор за оние кои сакаат да се ослободат од стресот. Ова е релаксирачка масажа со изненадувачки резултати во превенцијата на стареењето.
Покрај релаксирањето на умот и мускулите на лицето, е добра за луѓето кои имаат мигрена, како и за оние кои поминуваат многу време работејќи пред компјутер и очите им се напнати. Терапијата е неинвазивен метод во кој се третираат брчките, лицето станува посветло и ослободено од токсини, се подобрува тонусот и хидратацијата на кожата, се подобрува циркулацијата и истовремено снабдувањето со кислород што доведува до подбрување на клеточните процеси и секако регенерацијата на кожата на лицето. Времетраење 30 минути.
3.Антицелулитна масажа
Антицелулитните масажи се наменети за редуцирање и елиминирање на целулитот лоциран на предилекционите места: натколениците, задникот, стомакот итн. Неправилниот животен стил, неправилна исхрана, претежно седечки начин на живот, пушење и сл. се фактори кои имаат огромна улога во појавата на целулитот, особено кај женската популација. Антицелулитните масажи доведуваат до подобрување на циркулацијата, до раскинување на големите масни молекули на помали, кои полесно се елиминираат од телото, до елиминирање на т.н. „заробена вода“. Сето наведено дава резултат како што е измазнета и еластична кожа, намалување на обемот на третираниот дел од телото, подобрување на расположението и зголемена самодоверба. Овие третмани се изведуваат рачно со употреба на висококвалитетни природни масла од страна на стручно лице, физиотерапевт. Кога се изведуваат во одредена и препорачана динамика и рутина помагаат не само во разбивање на лошите слоеви на нерамна кожа со целулит туку претставуваат и ефективен третман во одржување на долготрајни резултати и спречување на појава на нови несакани целулитични промени. Времетраење 30 минути.
4.Фитрол
Фит Рол третманот е наменет за елиминирање на вишокот заробена вода, разградни продукти од метаболизмот и токсини од организмот. Фит Рол третманот функционира по пат на специфична техника на масирање по одреден редослед на сите делови на телото, со што се поттикнува лимфната дренажа на кој начин се стимулира елиминирање на токсините од телото Постапката е препорачлива за сите луѓе без разлика на возраста и полот. Фитрол масажата: го комбинира ефектот од слабеење и лимфната циркулација; ги елиминира отоците; се бори со нарушувањата на лимфниот систем и целулитот; ја измазнува и подобрува структурата на кожата; ја подобрува циркулацијата на крвта; механички го раскинува масното ткиво, ја редуцира и елиминира ригидноста и болката во мускулите, го подобрува расположението.. Со редовно користење на оваа масажа се зајакнуваат ефектите на слабеење и се елиминираат метаболичките нарушувања (надуеност, опстипација). Времетраење 30 минути
5.Бразилска Вакуум мадеротерапија на тело,
Бразилска Вакуум мадеро терапија или " Бразилско поткревање на задникот" претставува третман на обликување на телото. Се употребуваат различни димензии на вакум дрвени алатки, наменети за различни делови на телото. Претставува техника која го обликува телото, го намалува стресот, и болките во мускулите и зглобовите.
При самата терапија користејќи ги вакум алатките се прави одлична лимфна дренажа, при што телото ги исфрла побрзо непотребните задржани токсини.
Бенефити:
• Разбивање на масните клетки
• Оформување на телото, бразилско поткревање на задникот
• Забрзана и подобрена лимфна дренажа
• Подобрена циркулација
• Забрзани резултати
Видливи резултати веднаш по првиот третман!
Mасажата сe изведувa од страна на физиотерапевт. Времетраење 60 минути.
6.Ориент вакум фит третман на тело
Ориент вакум фит третманот се изведува со користење на Cryo и Thermo гелови кои имаат ефект на затоплување и ладење и креираат сауна ефект. Ориент вакум фит третманот се прави со користење на специјална Ориент вакум вреќа. Најнапред се нанесува Thermo гел на региите кои ги третираме (најчесто стомак, задник и нозе), потоа се нанесува Cryo гел и следен чекор е пакувањето во вакум вреќа. Следна фаза е лежење во вакум вреќата 45 минути. Потоа се отстранува вреќата и следува задолжителна масажа со лимфна дренажа. Овие третмани даваат повеќекратен бенефит: намалување во обем, ослободување на масни наслаги и целулит, целосно прочистување на телото од токсини, постигнување на лифтинг ефект на кожата и секако подобрување на расположението. Третманот го изведува физиотерапевт. Времетраење 90 минути.
7.Депилација/медицинска масажа на тело
По избор:
• Депилација на нозе, интима, раце, пазуви, лице, со високо квалитетен восок за еднократна употреба; или
• Медицинска масажа на тело: Познато е дека масажа на телото може да помогне да се намали и осободи напнатоста и болката во мускулите, особено болката на грбот, вратот и рамениот појас, како и нозете и останатите делови на телото. Особено по напорен ден по долго седење или стоење и одење наоколу, кога нашите стапала имаат тенденција да отекуваат. Медицинската масажа ја подобрува циркулацијата на крв во регии каде што е потребно, го намалува спазамот на мускулите и овозможува да се чувствувате пријатно, но освен тоа најновите научни истражувања покажуваат дека има и здравствени придобивки кои настануваат веднаш или може да се видат и почувствуваат по неколку недели, дури и со само една сесија неделно. Техниката на медицинската масажа се фокусира на релаксирање на мускулите, фасциите, тетивите и зглобовите. Масажата на телото ја зајакнува вашата циркулација, ја подобрува функцијата на внатрешните органи со масажа на одредени области особено на стапалото, се активира вашиот нервен систем, со што се стимулира синтезата на ендорфини во мозокот (хормони на задоволство, среќа). Со притисок на одредени точки (акупресура) го подобрува општото здравје и протокот на енергија, ги намалува ефектите од депресија и напнатост, помага при главоболки и мигрени, го намалува високиот крвен притисок, го подобрува сексуалниот живот итн.
Употреба на миризливи масла и релаксирачка музика е дополнителен елемент на релаксација преку дејствување на повеќе сетила.
Mасажа сe изведувa од страна на физиотерапевт. Времетраење 60 минути.